Несекојдневна ситуација: Тренер во Аргентина доби отказ на полувреме!

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Несекојдневна ситуација: Тренер во Аргентина доби отказ на полувреме!

Интересна информација доаѓа од Јужна Америка. Имено, раководството на Банфилд решило да го отпушти тренерот Густаво Мунуа на полувремето кога се играл натпреварот со Институт. Уште посмешно е што ваквата информација тренерот ја дознал преку социјалната мрежа Твитер каде што било објавено дека тој веќе не е тренер. Тие изгубиле 1:2 на домашен терен, а по натпреварот навивачите протестирале за начинот на кој се води клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.