July 3, 2024 | | Свет
Браќата Глејзери се уште се газди на Јунајтед и го задржаа мнозинскиот процент во клубот, но во моментов гигантот ИНЕОС купи одреден дел од клубот и тој управува со операциите во клубот. Претходно, додека Глејзери беа одговорни за операциите во клубот, имаа низа на промашени трансфери, но и пропуштени таленти кои можеле да ги ангажираат за мали суми. Имено, денеска „The Athletic“ открива дека Глејзери спречиле неколку операции за млади фудбалери кои денеска се во врвот на фудбалот. Листа на таленти кои имале можност да ги ангажираат, но операциите биле блокирани токму од браќата Глејзери: - Јунајтед се повлекол од договорот со Каиседо, сегашниот играч на Челзи од 2 милиони долари; - Јунајтед ја пропуштил шансата да го ангажира 17-годишниот Педро Нето; - Јунајтед се откажал од потпишувањето на 15-годишниот Џамал Мусиала и покрај тоа што на скаутите им се допаднал како врвен врвен талент; - Јунајтед се откажал од потпишувањето на Бенџамин Шешко за 2 милиони евра и наместо тоа испратиле понуди од 1, 1,1 и 1,2 милиони евра; - Јунајтед можел да го ангажира Ханибал БЕСПЛАТНО една година порано наместо да плати 10 милиони евра; - Јунајтед го пропуштил Стефан Бајчетиќ, сегашниот фудбалер на Ливерпул за 250.000 евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |