Несреќа по несреќа: ПСЖ има големи проблеми пред почетокот на Лигата на шампионите

September 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Несреќа по несреќа: ПСЖ има големи проблеми пред почетокот на Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен се соочува со сериозни предизвици пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите. Во изминатите денови клубот беше погоден од низа несреќни околности кои би можеле силно да се одразат на резултатите. Најголем удар за „светците“ е повредата на нивниот клучен фудбалер Усман Дембеле, кој ќе биде надвор од терените речиси месец и пол. Слична судбина го снајде и младиот талент Дезире Дуе, кој поради проблем со листот ќе отсуствува околу четири недели. Ситуацијата дополнително се усложни откако тренерот Луис Енрике доживеа пад од велосипед, при што ја скрши клучната коска. Тој веќе беше опериран, но останува неизвесно дали ќе седи на клупата за дуелот со Барселона. Сите овие проблеми значат дека ПСЖ ќе биде значително ослабен за тешкото гостување на „Камп ноу“ на 1 октомври, во рамки на второто коло од групната фаза. Дембеле сигурно ќе го пропушти мечот, Дуе евентуално би можел да биде во составот, а неизвесно е дали Луис Енрике ќе може да ја предводи екипата од клупата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.