Несреќниот Мбапе постигна гол, па се повреди: Аталанта се врати преку пенал! (ВИДЕО)

December 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Несреќниот Мбапе постигна гол, па се повреди: Аталанта се врати преку пенал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид оваа сезона се соочува со сериозни проблеми поради повредите на своите играчи, а сега дополнителен удар за тимот претставува и повредата на Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач вечерва го постигна својот втор гол во Лигата на шампионите за "кралевите" на гостувањето во Бергамо, но само 34 минути по неговиот гол, мораше да го напушти теренот поради повреда. Сè уште не е утврдено каква е точната природа на повредата, но ова дефинитивно ќе претставува голем хендикеп за тренерот Карло Анчелоти. Иако формата на Мбапе во последно време не беше на највисокото ниво, неговото отсуство ќе се почувствува во нападот на Реал, бидејќи играч од неговиот калибар секогаш има потенцијал да направи разлика на теренот. Пред самиот крај на првиот дел, Аталанта се врати во игра со гол од белата точка каде стрелаше Де Кетеларе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.