November 21, 2024 | | Свет
Десниот бек на Челси Рис Џејмс заработи нова повреда и нема да настапи во натпреварот од 12-тото коло на Премиер лигата против Лестер. Енцо Мареска потврди дека Џејмс се здобил со повреда на мускулот и дека нема да ризикуваат со негово учество. Наводно, не се работи за сериозна повреда, но Џејмс е познат по честите и долготрајните повреди кои ги има. Од сезоната 2020/21 досега тој пропуштил дури 540 дена и 103 натпревари поради повреди. „За жал, Рис Џејмс почувствува нешто во мускулите и не сакаме да ризикуваме. Тој нема да игра против Лестер“, изјави Мареска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |