November 1, 2024 | | Свет
Во интервју за хрватски „Индекс“ Илија Несторовски вели дека не игра за репрезентацијата бидејќи е близок со Горан Пандев и Игор Ангеловски. „Селекторот не ме повика затоа што имам добри односи со Пандев и со поранешниот селектор Ангеловски. Нема врска со новиот клуб, па лани бев повикан и кога потпишав за Асколи. Не бев поканет затоа што наводно не се вклопувам во тактичките замисли на селекторот, но нема врска. Можеби некои немаат храброст за конфронтација. Не сум во репрезентацијата, но не се откажувам од неа, секогаш ќе се надевам на повик. Има играчи од Хајдук, Вараждин, па и послаби лиги, не е до хрватската лига, селекторот мисли дека има подобри од мене, на мене е пак да се докажам. Јас сум на располагање и се надевам дека вака нема да ја завршам кариерата во репрезентацијата“, вели Несторовски. Тој додаде и дека не жали што не игра во Лигата на шампионите. „Секоја недела играв Лига на шампионите во Италија. Милан, Наполи, Фиорентина, Аталанта, Лацио, Рома, постојано играв против екипи кои играа во Лигата на шампионите. Не се каам за ништо. Играв на 17 години со Победа, се пласирав во Лигата на шампионите и уште четири меча во Лигата на Европа со Металург“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |