February 16, 2025 | | Свет
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжува со добрите настапи за Славен Белупо во хрватската Прва лига. На гостувањето против Вараждин, Прилепчанецот успеа двапати да ја затресе мрежата, но на крајот само еден погодок беше признаен. Во 31. минута, по одбиен удар, од втора го совлада домашниот голман и му донесе водство од 0-1 на својот тим. Сепак, во 45. минута повторно беше прецизен, но по долга ВАР проверка, голот беше поништен. Останува нејасно поради која причина судиите донесоа таква одлука, бидејќи офсајдот што беше досуден не изгледаше очигледен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |