Несторовски прво асистираше, а потоа заработи исклучување! (ВИДЕО)

October 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Несторовски прво асистираше, а потоа заработи исклучување! (ВИДЕО)

Илија Несторовски имаше бурна вечер во дресот на Славен Белупо во победата од 2-1 против Осијек во рамки на деветтото коло од ХНЛ. Македонскиот напаѓач прво се истакна со асистенција за голот на Шуто, со кој неговиот тим стигна до предност. Сепак, натпреварот за Несторовски заврши предвреме. Во 69. минута доби жолт картон по остар старт врз Мкртчиан, а кратко потоа по грубиот дуел со истиот играч реагираше нервозно и направи нов прекршок. Судијата веднаш го исклучи со втор жолт картон, оставајќи го Осијек со играч помалку во завршницата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.