September 14, 2025 | | Свет
Интер Мајами со дури 3-0 загуби на гостувањето кај Шарлот, а клучниот момент се случи уште во првото полувреме кога Лео Меси промаши пенал. Во 32. минута, при резултат 0-0, Аргентинецот се обиде да реализира на атрактивен начин – со „паненка“. Наместо радост, топката заврши во рацете на домашниот голман кој лесно го прочита обидот. Веднаш две минути подоцна Шарлот казни преку Токломати, кој го отвори резултатот. Во вториот дел токму тој беше херој на мечот со уште два гола за конечни 3-0. Интер Мајами остана без поени и покрај големите очекувања, а Меси го доживеа еден од потешките моменти од своето доаѓање во МЛС.
MESSI WORLD CLASS PANENKA 🤯 pic.twitter.com/9yppFlPJS9
— Hater Central (@TheHateCentral) September 14, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |