Неуспешниот наследник на Меси е на чекор од трансфер во Монако

May 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Неуспешниот наследник на Меси е на чекор од трансфер во Монако

Ансу Фати е на чекор од ново поглавје во кариерата, откако францускиот прволигаш Монако се приближува до договор со Барселона за негов ангажман. Според извори блиски до преговорите, се работи за позајмица со опција за откуп, а Каталонците ќе задржат и процент од евентуалната идна продажба. Разговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а Фати ја прифатил идејата за преселба во Лига 1. Тој е мотивиран да се врати во вистинска форма и да ја оживее својата кариера која стагнираше поради низа повреди и ограничена минутажа. Своевремено прогласен за наследник на Меси и носител на легендарниот дрес со број 10, Фати беше симбол на новата ера во Барселона. Но, повредите и нестабилните настапи го оддалечија од врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.