November 27, 2024 | | Свет
Се чини дека Арсенал полека ја подигнува својата форма каде во последните два натпревари остварија две победи, прво против Нотингем Форест, но и вчера против Спортинг со убедливи 1-5 во Лисабон. Податок кој привлече внимание и кој е неверојатен е што тимот на Артета до јануари своите натпревари ќе ги игра само во Лондон, а причина за тоа е интересниот распоред кои тие го имаат. Имено, викендов гостуваат кај Вест Хем, градскиот ривал, потоа го дочекуваат Јунајтед, гостуваат кај Фулам, тим кој исто така е од Лондон. Потоа, во рамките на Лигата на шампиони ќе го дочекаат Монако, па Евертон во Премиер лигата. Следува дуел во Карабао Купот против Кристал Палас на домашен терен, потоа со истата екипа на гостување во Премиер лигата, тим кој исто така е од Лондон, го дочекуваат Ипсвич и низата завршува на 1. јануари со гостувањето кај Брентфорд, тим од западниот дел на Лондон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |