Неверојатен потег: Навивач влета на теренот, си поигра со редарите и даде гол! (ВИДЕО)

August 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Неверојатен потег: Навивач влета на теренот, си поигра со редарите и даде гол! (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Шпанија и Мароко во полуфиналето на Олимписките игри донесе еден интересен момент. Имено, навивач на Мароко влета на теренот и успеа дури да дојде и до ситуација да постигне гол. Навивачот ги „издрибла“ редарите, шутираше и ја погоди мрежата, а потегот наиде на поддршка од публиката која го поздрави неговиот потег. Потоа, навивачот беше фатен и изнесен од теренот, а мечот продолжи и заврши со триумф на Шпанците вреден место во финалето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.