Неверојатниот Диого Кошта фати сѐ: Португалија во четвртфиналето против Франција! (ВИДЕО)

July 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Неверојатниот Диого Кошта фати сѐ: Португалија во четвртфиналето против Франција! (ВИДЕО)

Португалија после пенали се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство каде ќе се сретне со Франција. Португалија се обидуваше и напаѓаше цел натпревар, но Словенија одигра многу храбро. Промашуваа и двете селекции, а еден од најважните моменти беше кога Роналдо промаши пенал во 105. минута. Португалците погодија и статива, но сите налети Словенија некако ги издржа. Португалија имаше дури 17 шута од кои пет во оквирот на голот. Кај Португалија пеналите ги изведуваа Роналдо, Бруно Фернандес и Бернардо Силва и сите тројца погодија. Кај Словачка пак шутираа Иличиќ, Балковец, Бербич и сите тројца промашија а посебно се истакна голманот Диого Кошта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.