Неверојатниот Салах: Има дабл-дабл учинок пред Божиќ

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Неверојатниот Салах: Има дабл-дабл учинок пред Божиќ

Мохамед Салах беше херојот на Ливерпул во убедливата победа над Тотенхем во Лондон со резултат 6:3, при што се запиша во историјата на Премиер лигата. Египќанецот постигна четири гола и даде две асистенции, а со оваа изведба продолжи со неверојатната форма оваа сезона. Сезонава, Салах веќе има 15 голови и 11 асистенции, што го поставува како еден од најдобрите играчи во лигата. Тој е првиот играч во историјата на Премиер лигата кој пред Божик постигнал двоцифрен број на голови и асистенции. На последните девет натпревари, Салах не пропушти шанса да запише гол или асистенција, што го прави клучен играч за Ливерпул во тековната сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.