Неверојатно: Запиша 3 хет-трика на првите 7 меча во Лига 1

March 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Неверојатно: Запиша 3 хет-трика на првите 7 меча во Лига 1

Мика Биерет пристигна во Монако во јануари од редовите на Стурм Грац за сума од само 13 милиони евра. Тој има 22 години и игра на позицијата шпиц. Она за што многумина зборуваат е неговиот неверојатен учинок откако пристигна во Франција. Имено, на првите 7 натпревари во француската лига, тој постигна дури три хет-трика. Првиот хет-трик го постигна против Ауксер, вториот против Нан и последниот овој викенд, поточно во петокот против Реимс. Пред да премине во Стурм Грац, играл за тимот на Арсенал до 21 година кој го продал за само 9 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.