Невеш ќе биде нов играч на ПСЖ, а Ренато Санчез оди на позајмица во Бенфика!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Невеш ќе биде нов играч на ПСЖ, а Ренато Санчез оди на позајмица во Бенфика!

Младиот Португалец Жоао Невеш и дефинитивно ќе биде нов играч на ПСЖ, објави Фабрицио Романо. Во другиот правец, од ПСЖ на позајмица во Бенфика ќе премине некогашниот голем талент Ренато Санчез. ПСЖ ќе плати 60 милиони евра фиксни плус десет милиони евра како бонуси. Жоао наскоро ќе отпатува во Париз за медицинските прегледи, а планот на ПСЖ беше трансферот да биде завршен оваа недела и тоа се оствари. Ова воедно е прво засилување за ПСЖ годинава, а овој трансфер може да биде клучен за реализација на трансферот на Угарте кој игра на позицијата заден везен, позиција која ја игра и новото засилување на ПСЖ. Угарте е член на ПСЖ и има желба да премине во Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.