Невил: Бог нека ни е на помош со ваква игра на Англија

July 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Невил: Бог нека ни е на помош со ваква игра на Англија

Легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен англиски репрезентативец Гери Невил кој сега е во улога на стручњак даде свое мислење за играта на Англија. Со ваквата игра тој рече дека не ја гледа Англија во битката за титулата. „Очајна Англија… Сега мораме нешто драматично да промениме. Играв со Герет Саутгејт, тој е фантастичен дечко и има голем интегритет, но мора да сфати дека сега беше на ивица. Победа од овој вид е многу важна, но ако мислите дека може да поминете месец дена на турнирот играјќи како ние и да стигнете до крајот, мислам дека тоа е нереално. Секој следен натпревар ќе биде многу потежок. Бог нека ни помогне Белингем да постигне гол“, рече тој.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.