Невил го критикува изборот на Тухел за селектор: Си штетиме самите на себе

October 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Невил го критикува изборот на Тухел за селектор: Си штетиме самите на себе

Гери Невил го изрази своето незадоволство со изборот на Томас Тухел за селектор на Англија. Тој смета дека постојат подобри опции од Германецот и дека со ова си наштетуваат самите на себе. Тој воедно удри по англиските тренери за кои рече дека немаат свој идентитет. „Мислам дека си штетиме самите на себе. Според мене имаше Англичани кои се поквалификувани од Тухел за позицијата. Англиските тренери имаат лоша репутација во Европа. Немаме јасен идентитет, не изградивме нешто по што ќе бидеме препознатливи. Гледавме тренери од ширум Европа како доаѓаат во Премиер лигата и го наметнуваат својот стил во нашата игра. Ние ги копиравме, а по мое мислење Англичаните мораат да изградат свој идентитет. Мислев дека тој период на именување на странски селектори го оставивме зад себе“, рече Невил. Во јавноста деновиве многу англиски стручњаци, но и фанови зборуаат за тоа дека назначувањето на странски селектор нема да донесе успех за селекцијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.