Невил: Овој тим на Арсенал ќе се заборави брзо ако едно нешто не се случи!

September 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Невил: Овој тим на Арсенал ќе се заборави брзо ако едно нешто не се случи!

Со гостувањето кај Сити во недела, Арсенал ќе го има најтешкиот испит од почетокот на Премиер лигата. Евентуалната победа на Арсенал би била многу важна за тимот на Артета да продолжи во битката за титулата, иако уште е прерано за тоа, но истата би била многу важна за самодовербата на тимот. Тие лани го совладаа Сити со минимални 1-0, па знаат како е да се игра против овој тим и знаат како да дојдат до победата. Во колумната на Гери Невил за „Overlap“, тој пишува дека ако овој тим на Арсенал не ја освои Премиер лигата или Лигата на шампионите, истиот брзо ќе биде заборавен. „Никој нема да ги памети добрите изданија на Салиба и Габриел во одбраната, или брилијантноста на Одегард и Рајс. Никој нема да ги памети и одбраните на Раја и клучните продори на Сака. Никој нема да памети ништо ако не направат една работа, а тоа е да освојат голема титула. Нема да има документарци за нив, никогаш нема да им се восхитуваат и нема да бидат почитувани. Историјата е непростлива кон оние кои завршиле втори, затоа мора да направат исчекор. Тоа што го правеа изминативе две години, сега треба да го надополнат. Премногу е рано да се збори дека неделниот меч на „Итихад“ е борба за титулата, но Арсенал мора да испорача јасна порака со победа во оваа фаза од сезоната“, пишува Невил.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.