November 7, 2024 | | Свет
Откако Салах ќе замине од Ливерпул, тој ќе биде запеметен како една од најголемите легенди во клубот. Иако во 2017 година владееше песимизам околу неговиот трансфер од Рома во Ливерпул, сепак таа зделка се испостави како една од најдобрите во историјата на клубот. Ваквиот негов успех го натера Гери Невил да признае дека бил грешка околу Салах и неговите квалитети. „Ќе бидам искрен, никогаш не очекував да биде волку добар и волку брилијантен кога беше доведен од Рома. Мислев дека ќе си замине уште пред три, четири или пет години. Не верував дека ќе може да постигне толку многу голови колку што постигна во изминативе години. Не верував дека може да биде толку брилијантен и тој ми покажа дека сум имал целосно грешно мислење“, призна Невил.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |