Невил: Само еден тим може да се бори со Ливерпул за Премиер лигата

December 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Невил: Само еден тим може да се бори со Ливерпул за Премиер лигата

Ливерпул им одржа вистинска лекција на Тотенхем во 17. коло од Премиер лигата, убедливо победувајќи со 6:3. Иако натпреварот беше најавен како дерби, избраниците на Арне Слот покажаа далеку повисоко ниво на игра и рутински ја завршија средбата со висока победа. Клубот од „Енфилд Роуд“ беше сигурен и убедлив, а можеше да постигне уште неколку гола во мрежата на Форстер. Со оваа победа, Ливерпул ја зголеми предноста на табелата, особено по киксот на Челси против Евертон. Сега „црвените“ имаат четири бода повеќе од „сините“ и натпревар за играње (одложениот со Евертон), што им дава јасна предност и ја потврдува нивната апсолутна контрола во трката за титулата. Коментар за тоа кој ќе ја освои титулата даде Гери Невил. „Ливерпул е очигледно најдобриот тим во Премиер лигата во овој момент. Тие се јасни фаворити за титулата. Падот на Манчестер Сити е неверојатен, не сум сигурен дека некој навистина знае како тргна толку лошо. Челси имаше тежок меч со Евертон, но добро им оди и имаат добра сезона. Единствениот тим што Ливерпул треба да го следи е Арсенал, ако може да се крене и да ја намали разликата во март и април. Но, во овој момент Ливерпул е очигледен фаворит. Мислам дека најголемиот ризик за нив се повредите, ако ги загубат Ван Дајк и Салах, тоа ќе им наштети. Ван Дајк е како Родри за Ливерпул, сето тоа го држи заедно. Апсолутно е клучно да се одржи во форма. Следуваат големи предизвици, така што не сме ни блиску до точката каде што може да им се додели титулата, но тие се во одлична позиција и во овој момент се убедливо најдобриот тим во лигата, а табелата тоа ни го покажа“, изјави Невил.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.