October 30, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед полека ги завршува преговорите со Спортинг Лисабон за да го потпише Рубен Аморим како нов тренер на клубот откако отказ доби Тен Хаг. Мандатот на Холанѓанецот беше обележан со голем број на промашени трансфери. Во времето на Тен Хаг Манчестер Јунајтед потроши неверојатни 550 милиони фунти каде само Челси е пред нив со потрошени 1.1 милијарди фунти. Според Гери Невил, токму Тен Хаг бил одговорен за двете најголеми промашувања во историјата на клубот бидејќи тој ги одобрил истите. „Кога е во прашање регрутацијата на играчите, сметам дека истата е ужасна веќе 10 години наназад, а Тен Хаг беше уште една жртва на директорите. Тен Хаг одобри две најлоши засилувања во историјата на клубот, а тоа се Антони и Касемиро. За нив беа платени околу 150 милиони фунти, а сметам дека тие трансфери се реализираа во моменти на паника. Се надевам дека играчите ќе покажат дека грешам, но очигледно не е така штом Јунајтед ова лето се врати на трансфер пазарот за да го купи Угарте. Тоа се случи во ерата на Тен Хаг, иако одговорни се оние кои беа над него. Тие двајца играчи не смееше да бидат платени толку и да зимаат толку големи плати“, рече Гери Невил.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |