Незаборавен натпревар: Спортинг водеше 3:0, но на крајот Порто го освои португалскиот Суперкуп! (ВИДЕО)

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Незаборавен натпревар: Спортинг водеше 3:0, но на крајот Порто го освои португалскиот Суперкуп! (ВИДЕО)

Вчера се одигра неверојатен натпревар помеѓу Порто и Спортинг Лисабон во рамките на португалскиот Суперкуп каде тимот од Лисабон прокоцка предност од три гола. Во првите 10 минути Спортинг веќе водеше 2:0 со головите на Инасио и Гонсалвеш. Во 24. минута Спортинг веќе имаше три гола предност каде стрелец беше Куенда. Иако се очекуваше Порто да доживее дебакл, тие веќе во 28. минута смалија на два гола предност за Спортинг. Нико намали на 3:2 во 64. минута, а само две минути подоцна Галено со својот втор гол на мечот изедначи на 3-3. Резултатот беше нерешен во регуларните 90 минити каде натпреварот се реши во продолженијата со голот на Иван Хаиме во 101. минута кој му донесе целосен пресврт на Порто и го постави конечниот резултат 4:3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.