March 2, 2025 | | Свет
Точно пред 23 години, на 2 март, беше постигнат еден од најлегендарните голови во историјата на Премиер лигата. Во натпреварот меѓу Арсенал и Њукасл, Денис Бергкамп приреди вистинска магија по одличната асистенција од Роберт Пирес. Холандскиот ас со маестрален прием ја изведе својата фудбалска уметност, испраќајќи го својот чувар, Никос Дабизас, на тревата, а потоа ладнокрвно го совлада голманот Шеј Гивен. Впечатливата генијалност на Бергкамп го воодушеви целиот фудбалски свет и долго време се врти низ медиумите. Неколку години подоцна, токму овој погодок беше прогласен за најубав во историјата на англискиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |