June 27, 2025 | | Свет
Сагата околу иднината на Нико Вилијамс полека добива завршница – младиот шпански репрезентативец е сè поблиску до преселба во Барселона. И покрај интересот од европски гиганти како Баерн Минхен, тој недвосмислено порача дека неговата желба е само една – „Камп Ноу“. „Сакам да се приклучам на Барселона без оглед на сѐ“, рекол Вилијамс, додавајќи дека не го интересираат ниту финансиските проблеми на клубот, ниту прашањата околу регистрација на нови фудбалери. Изјавата ја пренесе новинарот Карлос Монфорт од весникот „Спорт“, дополнително зајакнувајќи го впечатокот дека трансферот е речиси сигурен. Каталонскиот клуб веќе работи на изнаоѓање решенија за финансиската рамнотежа, со цел да го реализира договорот, а шпанските медиуми тврдат дека трансферот би можел да биде официјализиран во првата недела од јули.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |