Нико уште не знае каде ќе игра следната сезона, но во еден тим сигурно нема да оди!

August 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико уште не знае каде ќе игра следната сезона, но во еден тим сигурно нема да оди!

Нико Вилијамс донел дефинитивна одлука дека сигурно нема да заигра во ПСЖ и за тоа го известил клубот од Париз. Двете опции кои му остануваат се Билбао или Барселона, а тимови од Премиер лигата очигледно немаат шанси да го ангажираат. Иако наводно на Нико Вилијамс ПСЖ му понудиле два пати поголема плата од онаа на „каталонците“, сепак тој решил да не заигра во Франција. Излегоа и шпекулации дека Нико не бил сигурен дали сега е вистинскиот момент за да се пресели во поголем клуб и наводно неговите најблиски го советувале да остане барем уште една сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.