Нико Вилијамс го скрати одморот – трансферот во Барселона се финализира на 4 јули

July 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико Вилијамс го скрати одморот – трансферот во Барселона се финализира на 4 јули

Крилниот фудбалер на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација, Нико Вилијамс, е на чекор до официјален трансфер во Барселона. Според информациите на каталонскиот весник „Спорт“, играчот доброволно го скратил летниот одмор за да помогне во забрзување на договорот. Исплатата на откупната клаузула и целосната правна финализација на трансферот се очекуваат на 4 јули. Барселона успеала да го убеди Вилијамс и неговиот агент дека нема да има проблеми со регистрацијата на фудбалерот, што беше главна грижа и причина за одредени компликации во преговорите. Двете страни претходно се усогласиле за шестгодишен договор и плата, но агентот на Вилијамс во последен момент побарал да се додадат дополнителни клаузули поврзани со правни гаранции за регистрација. По интензивна комуникација, Барселона испратила обемна правна документација од 30 страници, со која уверила дека трансферот ќе биде администриран без проблем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.