February 16, 2025 | | Свет
Нико Вилијамс, според најновите информации од Шпанија, донел одлука да ја продолжи својата кариера во Премиер лигата. Минатото лето имаше бројни понуди, но сепак реши да остане во Атлетик Билбао. Сепак, оваа ситуација би можела да се промени наредното лето. Микел Артета веќе во зимскиот преоден рок се обидел да го доведе во Арсенал и дури стапил во контакт со Баскијците, но шпанскиот репрезентативец сакал да ја заврши сезоната во својот матичен клуб. Медиумите во Шпанија одат до таму што дури за ова тој му кажал и на Ламин Јамал, играчот на Барселона со кого е близок. Негов приоритет е да помогне на Атлетик Билбао да избори место во Лигата на шампионите, како и да настапи во финалето од Лига Европа, кое ќе се одигра на нивниот „Сан Мамеш“. Арсенал бил подготвен веднаш да ја активира неговата откупна клаузула од 58 милиони евра, поради проблемите во напаѓачкиот дел, но Вилијамс засега имал поинакви планови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |