Нико за мајка му: Таа заслужува златен медал, ја премина Сахара за да побегне од смртта

July 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико за мајка му: Таа заслужува златен медал, ја премина Сахара за да побегне од смртта

Ник0 Вилијамс беше една од најголемите сензации на ова Европско првенство каде најверојатно ќе направи трансфер и во поголем клуб уште летово каде најсериозен кандидат е Барселона, а интерес има и од Арсенал и Челзи. По освојувањето на турнирот, тој го стави златниот медал околу вратот на својата мајка каде не ги криеше емоциите и откри што направила таа за тој да биде во оваа ситуација. „Јас трчам навистина брзо, но но не толку брзо како мајка ми. Таа побегна од смртта, ја мина Сахара за да дојде од Гана во Шпанија. И го дадов медалот затоа што таа го заслужува повеќе од мене“, прокоментира Нико Вилијамс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.