January 10, 2025 | | Свет
Саудиска Арабија вложува огромни финансиски средства за да го подигне квалитетот на своето фудбалско првенство и да се промовира преку спортот, но приказната со Нејмар го привлече вниманието на светот. Трендот за трансфери во оваа лига започна од Кристијано Роналдо кој беше првиот голем играч кој го замени европскиот фудбал со Саудиска Арабија, привлечен од договор кој му обезбеди заработка од преку 200 милиони евра годишно. По неговото пристигнување, многу други фудбалери одлучија да го следат неговиот пример. Летото во 2023 година, и Нејмар се пресели во Саудиска Арабија, потпишувајќи договор со Ал Хилал. Сепак, овој трансфер се покажа како големо разочарување. Бразилецот заработи сериозна повреда на коленото недолго по пристигнувањето, па неговите настапи се сведени на само два натпревари. Она што е посебно впечатливо се последните информации, според кои Нејмар од Ал Хилал за 2024 година добил плата од 101 милион евра, и покрај тоа што одиграл само 45 минути. Во двата натпревари, тој влегол од клупата за резерви, што значи дека заработил неверојатни 2,24 милиони евра по одиграна минута. И покрај огромните инвестиции на Саудиска Арабија во фудбалот, ваквите ситуации отвораат прашања за ефикасноста на стратегијата за привлекување светски ѕвезди.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |