Никој не сака да ги плати парите кои Наполи ги бара за Осимен!

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Никој не сака да ги плати парите кои Наполи ги бара за Осимен!

Желбата на Виктор Осимен е да замине од Наполи летото, а тој најчесто се поврзува со тимови од Премиер лигата, како и со ПСЖ. Неговиот договор е до 2026 година, а во договорот тој има клаузула од околу 130 милиони евра, а до овој момент ставот на Наполи е дека за негова продажба, заинтересираниот тим ќе мора да ја плати клаузулата за да го ангажира Осимен. Но, Наполи наиде на проблем бидејќи ниту еден клуб не е спремен да ги плати тие пари за Виктор Осимен, а Наполи треба на време да одлучи дали ќе ја спушти цената бидејќи и на нив им се потребни финансии за да ангажираат нови фудбалери. Осимен уште претходно изјави дека скоро па сигурно заминува, но ваквиот став на Наполи може да направи проблем и за клубот и за играчот во случај ниту еден клуб да не ја плати клаузулата. Наскоро, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ќе седне на состанок со спортскиот директор Џовани Мана и агентите на Осимен, па заедно ќе ги договорат следните чекори каде една од опциите е намалување на неговата цена.      

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.