Николов и Шишковски со Борац Бања Лука во осминафиналето на Конференциската лига

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Николов и Шишковски со Борац Бања Лука во осминафиналето на Конференциската лига

Во реванш дуелот од плеј-офот во Конференциската лига, Олимпија Љубљана и Борац Бања Лука одиграа без голови (0:0), што на босанскиот тим му беше доволно за пласман во осминафиналето. Претставникот на Босна и Херцеговина го обезбеди следниот круг благодарение на победата од 1:0 во првиот натпревар. Словенечкиот состав имаше шанса да се врати во игра, но во седмата минута Бланко не реализираше пенал. Македонскиот интернационалец Бобан Николов одигра цел натпревар за Борац, додека голманот Дамјан Шишковски остана на клупата. Освен Борац, место во осминафиналето изборија и тимовите на Бетис и Пафос.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.