Ништо ново за Тотенхем: Од предност 0-2, изгубија 3-2! (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ништо ново за Тотенхем: Од предност 0-2, изгубија 3-2! (ВИДЕО)

Тотенхем пропушти феномална предност од 0-2 против Брајтон и на крајот изгуби со 3-2. Откако тимот од Лондон одигра одлично прво полувреме, второто беше очајно каде примија дури три гола. Стрелци за Тотенхем во првиот дел беа Бренан Џонсон и Џејмс Медисон, а во вториот дел следуваше тотална доминација на Брајтон. Во 48. минута погоди Јакуба Минтех кој намали на 1-2. По само десет минути гол постигна Џорџињо Ритер за тотален приклучок на домаќините во натпреварот. Во 66. минута дојде пресвртот преку Дани Велбек, гол кој воедно го постави конечниот резултат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.