January 9, 2025 | | Свет
Првите луѓе на Fenway Sports Group, Џон Хенри и Том Вернер, одговорија на се почестите прашања за можното продажба на Ливерпул во блиска иднина, по бројните промени во сопственоста на клубовите од Премиер лигата. „Ние добивме неколку писма со намери од трети страни кои покажуваат интерес да станат дел од сопствениците на акциите на клубот. Како што рековме и претходно, би размислиле да прифатиме нови инвеститори под соодветни услови, ако тоа е во интерес на клубот. Но, остануваме целосно посветени на успехот на Ливерпул“, стои во соопштението на Fenway Sports Group. Џон Хенри истакна дека, иако има многу приказни и наводи во последно време, Ливерпул не се продава. „Дали го продаваме Ливерпул? Не. Дали ќе останеме засекогаш во Англија? Не. Дали разговараме со потенцијални инвеститори? Да, и ќе има нови инвестиции. Но, тоа нема да значи продажба на клубот“, изјави Хенри.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |