Тешко се одбива таква сума: Ајван Тони прифати богатсво од Саудиска Арабија!

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тешко се одбива таква сума: Ајван Тони прифати богатсво од Саудиска Арабија!

Ајван Тони му рече „да“ на Ал-Ахли и се согласи со финансиските средства вредни близу 60 милиони евра за договор на три години. Саудискиот клуб сега се обидува да постигне договор со Брентфорд откако понудата која можеше да достигне до 35 милиони фунти беше одбиена. Но, постои можност и да се појави голем клуб од Европа кој би испратил понуда за Тони. Во меѓувреме, ситуацијата во моментов е дека Ал-Ахли е единствениот клуб што преговара со Брентфорд. Тие се подготвени да платат 42 милиони фунти. Брентфорд сака 50 милиони фунти, што укажува и на нивната долгогодишна проценка и на сумата која Ал Хилал ја плати за Александар Митровиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.