May 11, 2025 | | Свет
Во дербито на 36. коло од Премиерлигата, Њукасл дојде до важна победа од 2-0 над Челси на „Сент Џејмс Парк“, со што направи значаен чекор кон учество во Лигата на шампиони. Домашниот тим поведе уште во втората минута преку Сандро Тонали, кој ја искористи несигурноста во одбраната на гостите. Работите дополнително се искомплицираа за Челси кога Николас Џексон доби директен црвен картон, оставајќи ги „сините“ со играч помалку. И покрај бројчаната негатива, Челси се обидуваше да се врати во игра во второто полувреме, но неуспешно. Њукасл ја запечати победата преку Бруно Гимараеш, кој со мајсторски удар го совлада Роберт Санчез. Со овој триумф, избраниците на Еди Хау се зацврстија на третата позиција со 66 бодови. Челси, пак, останува на петтото место со 63 бодови, колку што има и Астон Вила, додека Нотингем Форест им дише во врат со 61 бод и натпревар помалку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |