April 13, 2025 | | Свет
Њукасл направи фудбалски спектакл на „Сент Џејмс Парк“, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со убедливи 4-1 во дербито на 32. коло од Премиер лигата. Тимот на Рубен Аморим настапи без голманот Андре Онана, кој беше изоставен од составот според претходната најава. Сандро Тонали го отвори резултатот за домаќините во 24. минута, но Манчестер Јунајтед одговори преку Алехандро Гарначо пред крајот на првото полувреме, со што резултатот на паузата беше израмнет. По одморот, „црвените ѓаволи“ едноставно се распаднаа, дозволувајќи му на Њукасл да доминира. Два брзи погодоци на Харви Барнс во 49. и 64. минута му донесоа значајна предност на домаќинот. Конечната цифра на семафорот ја постави Бруно Гимараеш во 77. минута, за крајни 4-1 и заслужена победа на Њукасл. Со оваа победа, Њукасл се искачи на четвртото место со 56 поени, додека Јунајтед потона на 14. позиција со 38 освоени бодови. Головите погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |