January 7, 2025 | | Свет
Њукасл обезбеди значајна победа на гостувањето против Арсенал (0:2) и со солидна предност ќе влезе во реваншот од полуфиналето на Карабао купот. Иако Арсенал важеше за фаворит, гостите ги искористија грешките во одбраната на „топчиите“, додека домаќините не успеаја да го материјализираат притисокот во завршните минути. Резултатот го отвори Исак во 37. минута, а Гордон ја зголеми предноста на Њукасл во 51. минута, поставувајќи ги конечните 0:2. Реваншот ќе се одигра во Њукасл на 5 февруари, каде домаќините ќе се обидат да ја одбранат предноста. Утре, Тотенхем и Ливерпул ќе се соочат во вториот полуфинален натпревар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |