Њукасл ја продолжи кризата на Тотенхем, се тресе столчето на Постекоглу (ВИДЕО)

January 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Њукасл ја продолжи кризата на Тотенхем, се тресе столчето на Постекоглу (ВИДЕО)

Њукасл ја продолжи одличната серија со петта победа по ред во Премиер лигата, триумфирајќи против Тотенхем на гостински терен со резултат 1-2. Тимот на Еди Хау ја започна 2025 година на импресивен начин и сега се наоѓа на четвртото место на табелата. Натпреварот започна динамично, со брз погодок на Доминик Соланке во четвртата минута, кој го донесе Тотенхем во водство. Меѓутоа, Антони Гордон експресно израмни само две минути подоцна. Решавачкиот момент на натпреварот дојде во 37. минута, кога Александар Исак го постигна голот што му донесе победа на Њукасл.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.