Њукасл конечно најде напаѓач, ќе чини над 80 милиони евра!

August 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Њукасл конечно најде напаѓач, ќе чини над 80 милиони евра!

Њукасл Јунајтед конечно ја заврши потрагата по нов напаѓач и одлучи да инвестира огромна сума во германскиот голгетер Ник Волтемаде. Англискиот клуб ќе плати дури 80 милиони евра за напаѓачот на Штутгарт, што претставува еден од најскапите трансфери во историјата на клубот. Според информациите, Волтемаде веќе се согласил на личните услови со Њукасл, а во следните 24 часа ќе ги мине задолжителните медицински прегледи по што официјално ќе биде претставен како ново засилување на „страките“. Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека во договорот се предвидени и дополнителни клаузули кои можат дополнително да ја зголемат сумата на трансферот, во зависност од настапите и постигнатите успеси на германскиот фудбалер во Премиерлигата. Волтемаде минатата сезона имаше одличен учинок во дресот на Штутгарт – одигра 33 натпревари во сите конкуренции, постигна 17 голови и запиша 3 асистенции, со што привлече интерес од повеќе европски гиганти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.