August 5, 2025 | | Свет
Њукасл официјално испрати понуда вредна 90 милиони евра за напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, јавуваат англиските и германските медиуми. Англискиот клуб нуди 80 милиони евра фиксно, плус 10 милиони евра во бонуси, а сега се чека одговор од германскиот клуб. Интерес за словенечкиот голгетер покажува и Манчестер Јунајтед, кој сè уште нема доставено конкретна понуда, но е подготвен да реагира доколку фудбалерот ја избере таа дестинација. Според некои извори, Шешко е наклонет кон преселба во Њукасл, но други тврдат дека сè уште не ја донел финалната одлука. Овој трансфер би можел директно да влијае и на иднината на Александер Исак, кој полесно би го напуштил „Сент Џејмс Парк“ доколку клубот донесе негова замена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |