Нормален ден во Бугарија: Дојде такси на сред натпревар, виде оти „залута“ и си замина (ВИДЕО)

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нормален ден во Бугарија: Дојде такси на сред натпревар, виде оти „залута“ и си замина (ВИДЕО)

Фудбалските фанови биле сведоци на секакви комични ситуации, особено на натпреварите од пониските лиги. Сега од Бугарија ни доаѓа една случка која го насмеа регионот. На мечот помеѓу Септември Софија и ЦСКА 1948 од Суперлигата на Бугарија на стадионот влезе таксист кој очигледно ја згреши адресата. Очигледно беше дека таксисот ја згрешил локацијата, па откако го забележа тоа, реши да си замине, а тоа го направи со помош на редарите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.