Носеше дрес на Реал на тренингот, три дена подоцна направи старт за „затвор“ над Мартинели (ВИДЕО)

April 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Носеше дрес на Реал на тренингот, три дена подоцна направи старт за „затвор“ над Мартинели (ВИДЕО)

Кристијан Норгард повторно е во фокусот на англиската спортска јавност, но овојпат не само поради фудбалските потези. Во четвртокот тој пристигна на тренинг центарот на Брентфорд облечен во дрес на Реал Мадрид, што веќе предизвика коментари, но ситуацијата доби дополнителна тежина по инцидентот што се случи на натпреварот со Арсенал. На натпреварот одигран на „Емирејтс“, Норгард жестоко стартуваше од зад грб врз Габриел Мартинели, што ги шокираше сите присутни на теренот. Играчите на Арсенал побараа директен црвен картон, но Данецот помина само со жолт по кратката ВАР проверка. Мартинели подоцна и даде изјава за „Скај Спортс“. „Не видов повторена снимка од моментот, но ако мојата нога беше цврсто на земја, тој ќе ми ја скршеше. Му верувам дека не сакал, но тоа беше навистина валкан старт. Тоа беше чист црвен картон“, рече тој. За среќа, Бразилецот мина без посериозна повреда, најмногу поради тоа што неговата нога не беше во контакт со земјата во моментот на стартот.

Контроверзната комбинација од дресот на Реал и грубиот старт направија Норгард да биде една од најспоменуваните личности во фудбалските кругови во Англија изминативе денови. Ужасниот старт погледнете го ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.