Носталгија и аплаузи за Де Геа во ремито на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Носталгија и аплаузи за Де Геа во ремито на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Фиорентина одиграа 1-1 на „Олд Трафорд“ во меч што повеќе од резултатот ќе се памети по емоциите. За Давид Де Геа, кој со „виолетовите“ се врати во градот каде што мина 12 незаборавни години, ова беше вистински момент за носталгија. Пред почетокот на средбата, легендарниот шпански голман доби специјално признание од „црвените ѓаволи“, а публиката го награди со громогласни аплаузи. На теренот, возбудувањата започнаа рано — Симон Сом донесе водство за Фиорентина, а потоа несреќниот Гонсес со автогол го израмни резултатот. Оваа контрола беше последна генералка за тимот на Рубен Аморим пред стартот на Премиер лигата, каде на 17 август ќе се соочат со Арсенал во првото коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.