September 9, 2025 | | Свет
Евангелос Маринакис, контроверзниот сопственик на Нотингем Форест, вчера ја прекина соработката со Нуно Еспирито Санто, а клубот веќе има ново решение за менаџерската позиција. Според информациите, денеска се очекува за нов стратег да биде назначен Анге Постекоглу – сонародникот на Маринакис, кој е без клуб по разделбата со Тотнем на крајот од минатата сезона. Со „спарси“ тој стигна до трофејот во Лигата Европа, но веднаш потоа си замина од Лондон. Претходно, Постекоглу со голем успех го водеше Селтик, а најголем дел од својата кариера помина во Австралија, каде живееше од петгодишна возраст. Врвот го достигна како селектор на австралиската репрезентација, со која работеше од 2013 до 2017 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |