February 12, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед планира да укине до 200 работни места во обид да ги намали трошоците, што претставува уште еден драстичен потег на Сер Џим Ретклиф, пренесува „The Sun“. Британскиот милијардер, кој минатата година купи 27,7% од клубот за 1 милијарда фунти, спроведува радикални мерки за подобрување на финансиската состојба на „Олд Трафорд“. Околу 100-200 вработени ќе мора да го напуштат клубот, а засегнати се сите оддели. Минатата година Ретклиф веќе отпушти 250 од вкупно 1.150 вработени, а сегашната ситуација укажува на нови големи кратења „Фудбалот е бизнис, но зад секој клуб стојат стотици луѓе кои неуморно работат. Моралот во клубот е на ниско ниво, а загубите продолжуваат“, пишува „The Sun“. Во изминатите три години, Јунајтед загуби 300 милиони фунти. И покрај финансиската инјекција од Инеос, клубот сè уште се соочува со големи предизвици. Ретклиф има визија да ги врати славните денови на клубот, при што презема сериозни промени како на теренот, така и во управата. Мерките што ги воведе вклучуваат зголемување на цените на билетите, укинување на божиќната забава за персоналот, како и отстранување на Сер Алекс Фергусон од неговата амбасадорска улога. Паралелно со кратењата, Ретклиф има амбициозен план за изградба на нов стадион, наречен „Вембли на северот“. Владата ја поддржа иницијативата за реконструкција на областа околу „Олд Трафорд“ и изградба на модерен стадион со капацитет од 100.000 гледачи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |