June 29, 2025 | | Свет
Челси обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако ја совлада Бенфика со убедливи 4-1, но натпреварот ќе се памети повеќе по двочасовниот прекин отколку по головите. Мечот кој започна во 22:00 заврши дури во 2:50 по полноќ, благодарение на контроверзен прекин поради најавено невреме – иако дождот не падна ниту капка до самиот крај. Во моментот на прекинот, Челси водеше со 1-0 со голот на Рис Џејмс, а до крајот на регуларниот дел остануваа само неколку минути. По двочасовната пауза и доигрување пред празни трибини (најголем дел од публиката замина), Бенфика израмни преку пенал на Анхел Ди Марија во судиското надополнување. Аргентинецот го заврши својот последен натпревар за „орлите“ како најдобар стрелец на турнирот со четири погодоци. Сепак, Челси експлодираше во продолженијата. Бенфика остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Престијани, по што следуваше триголова лавина – Нкунку, Нето и Друсбери-Хол го запечатија триумфот за „сините“. Во четвртфиналето, избраниците на Мареска ќе се соочат со бразилскиот Палмеирас, кој претходно го елиминираше Ботафого.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |