August 30, 2024 | | Свет
Од оваа сезона Лигата на шампионите ќе ја гледаме во нов формат, најпрво со лигашки дел, а потоа ќе следува плеј-оф фаза. Наместо досегашните 32 екипи, сега ќе гледаме 36, а секој тим ќе игра против осум различни екипи, четири дома и четири во гости. Со самото тоа што следуваат повеќе натпревари, донесена е одлука да се доделат и повеќе пари на клубовите. Вкупниот награден фонд ќе биде зголемен за дури 25% и сега истиот ќе изнесува 2,5 милијарди евра по сезона. Ова значи дека освојувачот на Лигата на шампионите ќе добие 150 милиони евра, тимот кој ќе биде прв во главната фаза ќе добие 9,9 милиони, а дополнително 853 милиони ќе бидат доделени врз основа на достигнувањата. За победен натпревар ќе се добива по 2,1 милион евра, а за реми по 700.000 евра. Постои и друг награден фонд кој изнесува 853 милиони евра кој ќе се распределува врз основа на постигнувањата на тимовите во натпреварите на УЕФА и вредноста на зделките за национални и глобални телевизиски преноси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |