Нов гаф во Норвешка: Беше најдобар на теренот, па си доби печено прасе (ВИДЕО)

April 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов гаф во Норвешка: Беше најдобар на теренот, па си доби печено прасе (ВИДЕО)

Норвешкиот клуб Брине повторно се најде во фокусот на медиумите поради оригиналниот начин на доделување на награди за најдобар играч. Овојпат, на натпреварот од купот против Вархуг, кој Брине го доби убедливо со 4-0, играчот на натпреварот Асен Ларсен си замина дома со печено прасе тешко цели 23 килограми. Ларсен блесна со хет-трик на тој дуел, па наградата беше повеќе од заслужена. Брине очигледно сака да го задржи вниманието, па оди чекор понапред со своите необични избори. И претходно, во првото коло, голманот Јан Де Бур беше прогласен за најдобар играч и покрај поразот од Бодо Глимт. Тој тогаш доби награда во вид на поголема количина јајца. Изгледа дека Брине знае како да ги мотивира своите играчи – со вкусни и неочекувани награди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.