Нов кикс на Атлетико Мадрид и шанса за Реал: Одиграа реми со Виљареал (ВИДЕО)

January 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов кикс на Атлетико Мадрид и шанса за Реал: Одиграа реми со Виљареал (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид повторно не успеа да извојува победа, откако на домашен терен одигра само 1:1 против Виљареал во натпревар од 21. коло во Ла Лига. Овој резултат доаѓа по поразот од Легањес во претходното коло, што значи дека „јорганџиите“ освоија само еден бод од можни шест во последните два натпревари. Гостите први го отворија резултатот преку Морено, кој во 29. минута го постигна водечкиот гол, оставајќи го Атлетико во негатива до крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме, надежта за пресврт ја врати Лино, кој во 58. минута го израмни резултатот на 1:1. Но, наместо очекуваната агресија за целосен пресврт, домашниот тим како да го загуби својот ритам. Со ова реми, тимот на Чоло Симеоне ризикува да заостане во трката за титулата каде со евентуална победа вечерва Реал може да оди на плус четири.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.